Зошто жените понекогаш се почувствителни на мириси

unsplash

Научниците од медицинското училиште при Универзитетот „Јагелонијан“ во Краков објасниле дека женското тело е почувствително во втората фаза од менструалниот циклус, па затоа тие во тој период се особено чувствителни на мирисите.

Жените во оваа фаза се повеќе подложни на инфекции, па нивното тело се обидува да ги избегне работите што би можеле да бидат штетни – објасниле научниците и додале дека повеќето испитаници во истражувањето потврдиле дека разните мириси им биле поодбивни од вообичаеното.

Истражувањето опфатило жени на возраст од 18 до 45 години. Во рамките на студијата, жените биле замолени да замислат седум различни одвратни сценарија и да го оценат нивото на одбивност откако погледнале 20 фотографии.

Profimedia
Profimedia

Истата работа ја правеле додека биле во фоликуларната фаза (петти или шести ден од циклусот), а потоа повторно во лутеалната фаза (петти ден по позитивниот тест за овулација или на 20-ти ден од циклусот, ако резултатот од тестот за овулација не бил позитивен).

Во текот на втората половина од циклусот (лутеалната фаза), кога прогестеронот ја потиснува имунолошката функција, на жените повеќе им биле одбивни оние работи како што се преполни возови, седење покрај некој со отворени рани или непријатни миризби на телото.

Истражувачите заклучиле дека на жените во тој период, всушност, им се гади од помислата на бактериите. Своето откритие го објавија во списанието „Еволуција и човечко однесување“, пренесува Метро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот