Зошто Исус се нарекува и Христос? Потеклото на името на најважната личност во христијанската историја

Икона на Исус Христос / Фото: Smirnov Vladimir / TASS / Profimedia

Често може да се чуе дека свештениците и теолозите Исус го нарекуваат и Христос, меѓутоа многумина не знаат дека потеклото на ова име влече корени од апостолот Павле, пишува „Национална географија“.

При проучувањето на ликот на Исус од историска гледна точна, секогаш се користи неговото вистинско име – Исус Назаретјанин, според градот каде што пораснал. Христос или Исус Христос се термини кои ѝ припаѓаат на сферата на теологијата, бидејќи христос е грчки термин што значи помазаник (личност над која е извршено помазание – црковен обред во кој се мачка со миро во вид на крст) и често го користел апостол Павле во своите проповеди и евангелија.

Иако Павле од Тарс имал еврејски корени, тој пораснал во Киликија, која се наоѓа на југоистокот на денешна Турција. Во времето кога се родил, хеленизираниот дел од Селевкидската империја веќе бил под римска власт 70 години. Со други зборови, тој израснал во место каде што се спојуваат истокот и западот, поради што често го нарекувале „апостол на незнабошците“. Многу современи историчари веруваат дека токму поради оваа причина тој знаел да ја прилагоди главната порака на христијанството, на таков начин што целиот антички свет можел да го разбере.

Кога говорел или пишувал за Исус, тој го нарекувал христос т.е. помазаник и на тој начин извршил големо влијание врз формирањето на христијанството. Овој термин, на крајот, нашироко бил усвоен во симболична и религиозна смисла, додека името Исус се користело само за да се обележи личноста.

Испратен од Бога

Самиот чин на мачкање со миро преставувал вообичаен обред во неколку древни цивилизации од подрачето на Медитеранот. Се верувало дека со мирото Бог го штити помазаникот и на тој начин го признава како свој претставник на Земјата. Поради оваа причина, практиката се користела за да се потврди легитимноста на свештенството и кралевите

Помазанието со миро се спомнувало и во Тора, како постапка со која израелските кралеви добивале двојна потврда за нивната легитимност од свештеникот и од претставникот на нивното племе во името на Бога.

Од друга страна, помазаник на хебрејски потекнува од зборот месија, термин кој не бил ограничен само на крал. Еврејската традиција ја припишува оваа титула на сите оние за кои се верувало дека се испратени од Бога, од патријарсите до персискиот император Кир Велики, кој ги ослободил Евреите од егзил во Вавилон.

Откако Гнеј Помпеј Велики ја анектирал Јудеја кон Рим во 63 п.н.е., се појавиле неколку луѓе кои тврделе дека се месии. Историчарот Флавиј споменува девет од нив, покрај Јован Крстител и Исус, кого следбениците го сметале за последниот месија претскажен во Тора и „оној кој ќе го донесе Божјото царство на Земјата“. Кога христијанството се воспоставило како монотеистичка религија, овој аспект станал основен столб за легитимноста на религиозната моќ.

Бадник и Божиќ – денови на благослов, благородност и најрадосен празник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот