Дали чешањето на градите може да биде симптом на рак?

Фото: Профимедиа

Истражувањата покажуваат дека повеќе од 90 отсто од пациентите што страдаат од рак на дојка може да се излекуваат доколку дијагнозата се постави во почетниот стадиум.

Дали често ви се случувало да лежите во кревет, подготвени да потонете во сон, но да не успеете затоа што ве чешаат градите? Истата ситуација ви се случува и на работа па морате итно да одите во тоалетот за да го наместите градникот и да се почешате. Чешањето на дојките е сосема нормална појава и обично се појавува од иста причина како и чешањето на кој било друг дел од телото – како резултат на стимулацијата на нервните завршетоци. Меѓутоа, со оглед на тоа дека и најобичните симптоми се припишуваат на фатални заболувања, оваа појава често се доведува во врска со ракот на дојки.

Вистина е дека чешањето може да биде знак за рак, поточно за воспалителен карцином кој може да предизвика црвенило, воспаление, болка и отоци, но тоа е мошне ретко. Постојат и други причини за чешање кои се многу поверојатни.

Лекарите сметаат дека оваа појава ретко е причина за загриженост.

Причините за овој вид чешање се најчесто сосема незначителни. Се појавуваат како резултат на иритација на градите, бременост, предменструални промени или хормонска терапија (вклучително и контрацептивните средства)… Исто така, може да бидат и последица на кожни заболувања како дерматитис, сува кожа, изгореници од сонце или алергија.

Освен тоа, оваа појава може да ја предизвикаат одредени материјали во комбинација со физичката активност (синтетички градник при тренинг). Чешањето меѓу градите најчесто е резултат на преголема топлина и потење, што може да доведе до појава на потни осипи, пликови и габички.

Ако често ве чешаат градите, пред да појдете на лекар со веќе самостојно воспоставена дијагноза на рак, прво отстранете ги можните причини.

Прашања кои себеси треба да си ги поставите се следните:
– Дали градникот ви е неудобен?
– Дали премногу сте се испотиле за време на вежбањето?
– Дали имате сува, надразнета кожа и на други делови од телото?
– Дали доите?

Ако одговорот на овие четири прашања е негативен, тогаш се препорачува да се обратите кај лекар и да укажете на симптомите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот