Знаела ли Агенцијата за разузнавање дека во Македонија се прави „Предатор“?

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошовски по денешната посета на Агенцијата за разузнавање вели дека главното прашање поставено од група пратеници било кои се сознанијата и преземените дејствија на Агенцијата за разузнавање во врска со скандалот во Грција за користење на софтверот „Предатор“ за следење на комуникации, кој е производ на македонската фирма „Сајтрокс“. САД ја стави на црна листа фирмата „Сајтрокс“ поради загрозување на безбедноста и интересите на Америка.

„Следна тема на интерес беше дали Агенцијата за разузнавање имале сознанија дека раководител на друга државна безбедносна агенција надвор од законските овластувања, водел преговори со разузнавачка служба на соседна земја за набавка на опрема за следење на комуникациите во Македонија. Добиените информации на овие две теми упатуваат на заклучок дека постои потреба од сериозни реформи во безбедносно-разузнавачкиот сектор“, вели Милошоски без конкретно да наведе какви биле одговорите.

Скопскиот „Предатор“ демнел на грчки мобилни телефони како СМС-порака за вакцинација

Заев за „Слободен печат“: Никогаш се немам сретнато со таков човек, Тал Дилијан, ниту пак разговарано за „Предатор“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот