Значењето на малите бизниси

Пандемијата почна и уште трае. Животот се промени, се променија и навиките, но и бизнис заедницата. Многу нешта навистина нема да бидат исти како порано. Она што е најважно во ваквите сериозни, а сепак предизвикувачки ситуации е – поддршката. Не само на глобално, туку и на локално ниво, во околината во која работиме, купуваме, трошиме, продаваме…

Секогаш ќе постои начин да им се помогне на малите локални бизниси кои во вакви тешки времиња, се обидуваат да опстојат, да направат нешто поразлично и да се изборат за своето место на пазарот. Обично се тоа мали компании или производства, фирми или локални произведувачи на одредени артикли кои лесно и достапно ги нудат своите производи, наменети за помала публика, но со порака дека „И тие се тука“, дека постојат и важно е да ги поддржиме во нивните намери да опстојат.

Што значат малите бизниси? Која е нивната позиција на пазарот?

Обично тоа се микро и мали претпријатија, или претприемачи. Поради природата на нивната понуда, обично тие се фокусираат директно на крајниот корисник, на купувачот, а не на друга фирма.

Што е значајно за поддршка на малите бизниси?

Она што ги карактеризира овие бизниси е што немаат којзнае колку средства за вложување во маркетинг цели и билдање на својот бренд. Она што е најдобра реклама за ваквите бизниси е она што се нарекува Word of mouth, или пренесено од човек на човек добра препорака. Најчесто ваквите мали бизниси имаат потреба и од препорака кон поширока публика, а тоа најбрзо и најлесно се прави со помош на инфлуенсерите или интернет личности кои преку своите следачи на интернет и социјалните мрежи, можат да ја пренесат нивната услуга на поголем број луѓе, во полн ефект.

Значајно е да ги негуваме и поддржуваме овие бизниси и да се ориентираме кон купување на производи од локални мали бизниси, при што со еден мал гест оддаваме голема почит и вреднување за туѓиот огромен труд  и страст.

Во годината што измина, Халкбанк, согласно на новонастанатата ситуација донесе низа адекватни мерки за помош на стопанството, особено на малите бизниси. Преку медиумите беше организирано доделување ваучери за производи и услуги на голем број мали бизниси – угостителски објекти, цвеќари, салони за убавина, спортски центри и други, клиенти на банката.

Дополнително, заедно со Mastercard се креираше кампања „На наша сметка“ со која сите физички лица, нови или постоечки клиенти, добиваа вредносен ваучер од 500 денари доколку станат корисници на некој нов производ, заедно со Mastercard дебитна картичка. Ваучерите беа еден вид на поддршка на локалните клиенти на филијалите на банката кои во тој момент работеа со ограничено работно време и посетеност. Оваа поддршка на локалните бизниси за Банката беше инвестиција од над 25.000 евра. Банката ги поддржа и уметниците со откупување на фото права од уметничките автори од фото сојуз на РСМ.

За сите правни лица, почнувајќи од најмалите микро до корпоративните компании, Халкбанк усвои мерки и подготви пакет производи кои ги сподели со своите клиенти – правни лица.

Постојат и други алтернативи за помош. Во последно време, се појавуваат се поголем број на компании и индивидуи кои сесрдно сакаат да им помогнат на помалите бизниси. Она што треба сите да не води кон оваа цел, е потребата за заедничко надминување на кризата во која сите се наоѓаме. Потребно е сите да бидеме дел од солидароста, да направиме добро и за нас за малите бизниси кои се трудат да опстојат во овие непредвидливи времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот