Златните животни правила на докторот кој живеел 105 години

Јапонскиот доктор Шигеаку Хинохара верувал дека енергија на телото му дава радоста, а не спиењето и храната. Овој доктор живеел 105 години и до самата смрт активно работел и се грижел за своите пациенти.

Работел 18 часа дневно, седум дена во неделата. Ова се некои од неговите животни правила.

Ако сакате долго да живеете, водете сметка за тежината.

„За појадок пијам кафе, чаша млеко и малку сок од портокал со лажица маслиново масло.
Ужина – млеко и малку колачиња или воопшто не јадам кога сум зафатен.
Ручек – зеленчук, малку риба и ориз, а двапати неделно јадам немасно месо“, раскажал докторот.

Не одете во пензија

„Нема потреба да одите во пензија. Ама ако баш морате или чувствувате потреба, тоа нека биде по 65-та година“, рекол Хинохара.

Не одете пречесто на лекар

Тој исто така советувал да не се оди на лекарски прегледи за секоја ситница, туку да се направи терапија со животни и со уметност.
Кога докторот ќе ви предложи операција, прашајте го дали тоа би им го препорачал на неговата жена и на децата. Докторите не можат секого да излекуваат. Тогаш зошто непотребна болка и операции?“, заклучил Хинохара.

Според неговото мислење, музиката и терапијата со животни им помагаат на пациентите повеќе од што докторите можат да замислат.

„Болката е прилично мистичен феномен, а единствен начин да се заборави е забавата. Болниците би требало да водат сметка на пациентот да му се врати насмевката на лицето. Во нашата болница имаме часови по музика, терапија со животни и со уметност“, рекол докторот.

„Само науката не може да му помогне на човекот. Науката чешла сè под еден чешел, но болестите различно се манифестираат. Секоја личност е единствена, па така и нејзината болест. Нашите болести се поврзани со срцето. За да разбереме зошто е лицето болно, и за да му помогнеме, потреби ни се музика и уметност, а не само лекови“, резимирал Химнохара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот