„Златните“ шампионки од Литванија ќе играат на Светското првенство 2022

фото: facebook.com/rfmofficial

Македонската женска кадетска репрезентација која го освои трофејот на ЕХФ шампионатот во Литванија (У17) си обезбеди пласман на Мундијалот во Грузија следната година..

А покрај тоа, избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе настапат уште на Европското првенство за кадетки и младинки во 2023 година.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави репрезентациите, вкупно 15, кои ќе бидат дел од СП 2022.

13 репрезентации доаѓаат од минатото ЕП, тие се: Унгарија Германија, Русија, Данска, Хрватска, Норвешка, Романија, Црна Гора, Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска и Чешка.

Домаќинот, организаторот на СП, Грузија, како и две селекции, победници од ЕХФ шампионатите во Грузија и Литванија, репрезентациите на Холандија и Македонија.

Резерви кои ќе чекаат за настап на СП се Австрија, Словачка и Словенија. Мундијалот во Грузија ќе се одржи од 3-14 август 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот