Жорди Алба пристигнува во Интер Мајами, можеби и Луис Суарез

Лионел Меси и Луис Суарез/фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Шпанскиот фудбалер Жорди Алба ќе им се придружи на поранешните соиграчи од Барселона Лионел Меси и Серхио Бускетс во Интер Мајами, соопшти денеска сопственикот на тој МЛС клуб.

Алба, 34-годишниот поранешен репрезентативец на Шпанија е без клуб откако неговиот договор со Барселона истече на крајот од минатата сезона.

Алба играше за Барселона од 2012 година и има освоено 18 трофеи со клубот, вклучувајќи шест титули во Ла Лига и Лигата на шампионите во 2015 година.

Доаѓањето на поранешните играчи на Барселона би можело да продолжи. Како што пренесуваат медиумите, Интер е во преговори со поранешниот напаѓач на „блауграна“ Луис Суарез, кој моментално настапува за бразилски Гремио.

Наводно, клубот и играчот биле во контакт подолго време и преговорите напреднале, но Гремио прави проблем поради висината на отштетата што ја бара за Уругваецот.

Според „ЕСПН“, Суарез е подготвен да врати вкупно 10 милиони долари од својата заработка за да оди во Интер, но Гремио сака гаранции дека Уругваецот нема да игра за ниту еден друг клуб во 2023 година.

Суарез има важечки договор со бразилскиот клуб до крајот на следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот