Жорди Алба потпиша за Интер Мајами, се чекаат уште двајца поранешни играчи на Барселона

Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Тоа што подолго време се најавуваше доби и официјална потврда, Жорди Алба е нов играч на Интер Мајами.

Алба така им се придружува на неговите пријатели, Лионел Меси и Серхио Бускетс кои пред пет дена беа официјално промовирани во Мајами. Со овој трансфер и официјално е комплетирано екс-триото на Барселона, а тука е и поранешниот тренер на Каталонците Херардо Мартино.

Но, тука веројатно нема да биде крајот затоа што Луис Суарез е многу блиску до потпис со клубот од МЛС лигата, додека денес се појави информација и за Андрес Иниеста кој ја заврши својата епизода во Висел Кобе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот