Животната приказна на Милка Ефтимова: Секогаш остана дама

Од оперската сцена јубилејно се простила со „Кармен“ на 6 ноември 1991 година, тоа ѝ била 157. претстава.

Примадоната Милка Ефтимова, алт и мецосопран певица, доајен на Македонската опера и редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, е родена на 26 февруари, 1936 година, во Радовиш. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а во мај 1961 година, како член и солист на хорот на Словенечката филхармонија, настапила во Виена под диригентската палка на големиот Ловро фон Матачиќ.

facebook

Како стипендист на Скопската опера и на инсистирање на композиторите Тодор Скаловски и Петре Богданов, есента во 1961 година, Милка Ефтимова станала солист на операта при Македонскиот народен театар во Скопје.

На втората фестивалска година од Охридското музичко лето настапила како солист во кантатата „Величание“ на Тодор Скаловски.  На вториот меѓународен конкурс во Софија, во 1963 година, ја добила третата награда од 117 кандидати од 26 држави.

Прочитајте и...  И, што е, на крајот на краиштата, феминизaм? Феминизмот е синоним на зборот еднаквост
Facebook

За отворањето на новата монтажна зграда на МНТ во 1965 година, Милка реализирала една нова улога, која со текот на годините станала и нејзин симбол – Кармен од истоимената опера на Жорж Бизе.

Улогата Кармен од истоимената опера на Жорж Бизе станала нејзин симбол.

Во 1966 година заминала на специјализација како стипендист на Владата на Репбулика Македонија во Италија во „Санта Чичилија“ во Рим. Италијанската влада ѝ доделила двомесечна стипендија за престој во Сиена, на академијата „Киџијана“, каде што продолжила да работи концертно пеење. Одлучила да ја прифати многупати упатуваната покана од страна на Љубљанската опера, веќе од септември 1967 година била првенка на оваа куќа. Од Љубљана се вратила во 1978 година во Скопје како првенка на операта при МНТ.

Од оперската сцена јубилејно се простила со „Кармен“ на 6 ноември 1991 година, тоа ѝ била 157 претстава. За нејзините 44 оперски улоги и над 200 дела од концертно-солистичкиот опус, како и за гостувањата во 15 земји на три континенти, објавена е монографијата насловена „Милка Ефтимова, светот на еден глас“, која зборува за културното и духовно наследство што го остави оваа примадона на музичката македонска сцена.

Прочитајте и...  Кралски правила кои не смее да ги прекрши ниту кралицата Елизабета

Проектот на Музејот на македонска борба „Неколку нијанси женски приказни“, ги величи жените во Македонија од почетокот на 20 век до денес.

 

 

Прочитај повеќе

Шокантна снимка од ковид амбулантата во Крагуевац: Вака изгледаат по шестчасовна смена, работат со искинати чизми (ВИДЕО)

Слободен печат

Познатата терапевтка советува: Во овој случај подобро е да го сокриете неверството!

Слободен печат

Џеј Ло со храбра спортска комбинација максимално ги истакна своите облини! (ФОТО)

Слободен Печат

Усвоени нови мерки за Белград: Кафулињата, теретаните и продавниците ќе работат до 21 часот

Слободен печат

Хрватска ќе го воведе еврото до 2023 година

Слободен печат

Сакаше да поразговара со принцот Чарлс, но се возбуди и се струполи на земја – Принцот не стигна ниту да му подаде рака (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Убавата бисексуална Афроамериканка е новата „Batwoman“

Слободен печат

Една од најчудните туристички атракции во светот: Ѕирнете во „Катедралата на отпадот“ (ФОТО)

Слободен печат

Двајца лекари од Ургентен центар се расправале на висок тон за пациент, отворена е дисциплинска постапка

Мирослава Бурнс

Фасцинантна приказна украсена со долгогодишно прераскажување: Кралот Умберто и неговиот одамна изгубен „двојник“

Слободен печат

Кралски правила кои не смее да ги прекрши ниту кралицата Елизабета

Слободен печат

Најсочното колаче чија арома ќе го намами целото семејство: Одличен десерт за летно уживање! (ВИДЕО)

Слободен печат