Живеел во шатор и крадел, а по „Игра на тронови“ му се насмевнала и среќата (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Шкотскиот актер Рори Меккан се прослави со улогата на Сандор Клеган наречен Куче во серијата „Игра на тронови“. Освен тоа, тој е еден од ретките ликови кои се појавуваат во сите 8 сезони на оваа екстремно популарна серија. Меѓутоа, пред да ја добие улогата во 2011, Меккан бил помалку познат актер со не многу запазени улоги во тв-серии и филмови. Затоа во посебната тв-емисија за Game of Thrones Reunion Special, признал дека додека не ја добил улогата за „Игра на тронови“, живеел во шатор.

Profimedia

„Живеев во шатор, буквално во шатор и повремено крадев храна“, рекол Меккан на водителот Конан Обрајан. „На крајот ја добив работата и се средив за наеднаш да ме возат со прекрасни автомобили на снимањето на најдобрата тв-серија на светот. Тоа само покажува дека со малку среќа, животот може да се промени. Неверојатно!“, изјавил Меккан.

Profimedia

Меккан пред почетокот од снимањето на серијата, живеел во Исланд. Таму снимал филм за Вајкинзи во кој глумел и Џерард Батлер, а кога завршило снимањето одлучил да остане таму. Очекувал дека неговиот агент ќе го побара и ќе му се јави дека добил улоги во некои филмови или серии, но бидејќи тоа не се случило, тој останал да живее на Исланд 11 месеци. „Дојде зимата, а локалното население ми рече дека сум единствениот на островот кој живее во шатор, па ми помогнаа да се сместам во куќа и да добијам работа како столар“, признава Меккан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот