Жителите да држат физичка дистанца од „еден крупен алигатор”, повикаа властите до Флорида

Статусот веднаш стана популарен по социјалните мрежи и предизвика повеќе коментари.

Поради епидемијата од коронавирус, властите во Флорида ги повикаа жителите да држат физичко растојание во должина од „еден крупен алигатор”.

Соопштението е испратено викендов од властите на округот Леон.

„Потсетуваме дека за време на Ковид-19 треба постојано да држете растојание од другите луѓе колку еден крупен алигатор”, се вели во Фејсбук статус на округот.

Статусот веднаш стана популарен по социјалните мрежи и предизвика повеќе коментари.

„Прошетка со алигатор навистина ќе помогне да се создаде социјална дистанца”, напиша еден коментатор.

САД се прва земја во светот по инфекции од коронавирус, со речиси 340 илјади заболени, 9.654 смртни случаи, додека повеќе од 17 илјади се излечени, според податоците на „Џон Хопкинс”, водечки центар за медицински истражувања.

Претседателот Доналд Трамп укажа дека високите бројки се благодарение на активното тестирање на населението; до денес во САД се направени 1.6 милиони тестирања од коронавирус.

Во сојузната држава Флорида има забележано 12.350 случаи на коронавирус, а од болеста починале 221 лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот