Жената која пред четири години прегази 13-годишно момче доби три години казна затвор

Кривичен суд денеска пресуди 3 години затвор за Маја Лукаревска, жената која пред четири години го прегази Давид Ангеловски во Скопје.

Сообраќајката се случи на булеварот Илинденска кај Фонтаната кај Градски парк на 18 септември во 2015-година.

Давид со велосипедот поминувал на пешачки, на булеварот кадешто во тој момент не работеле семафорите.

Пресудата ја изрече судијката Софија Лаличиќ, која порача дека оваа одлука треба да одекне како предупредување за поголемо внимание за почитување на законите и сообраќајните правила. Лукаревска во текот на процесот се изјаснуваше за невина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот