Жена на годината: Прекрасниот говор на Зендаја кој ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Фотографија: Profimedia

Автентичната актерка Зендаја ја оправда оваа титула со прекрасниот говор кој го одржа после преземање на наградата.

„Жена на годината. Тоа е малку неверојатно со оглед на тоа што имам само 23 години и дека и понатаму се обидувам да разберам како да станам млада жена. Понекогаш имам чувство дека само одам, одам и одам, и сметам дека многу жени можат да ме разберат и да се пронајдат во истото“, така Зендаја го започнала говорот и додала:

„Меѓутоа, понекогаш толку даваме од себе што забораваме да запреме и да ги доживееме моментите како што е овој. Понекогаш чувствувам дека толку работам што заборавам на својот живот и како навистина да бидам присутна во ваквите моменти, кога околу себе можеш да ги видиш луѓето кои ги цениш и едноставно да бидете тука во тој момент. Тоа е токму она што ќе го направам. Ќе земам една секунда, ќе погледнам околу себе и ќе бидам во „фазонот“: По ѓаволите! Ова навистина се случува. Многу е кул!“

Profimedia

Зендаја го завршила својот говор, како што пренесува Klix, со најдобриот совет кој некој би можел да го добие:

Instagram

„Ве молам, погледнете околу вас како се е прекрасно и едноставно уживајте во тоа!“, порачала младата актерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот