Жена која допатувала од Кина – втора заболена од корона вирусот во САД

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Инфицирана е жена на возраст од 60 години во Чикаго која неодамна била во Вухан, во Кина.

Центарот за контрола и спречување болести во САД денеска потврди за втор регистриран случај на заболен од новиот корона вирус. Инфицирана е жена на возраст од 60 години во Чикаго која неодамна била во Вухан, во Кина.

Според Центарот, жената не користела јавен превоз и не била болна кога патувала, соопштија здравствените власти во Чикаго.

Од 63 лица кои се под лекарски надзор од 22 држави, 11 се тестирани негативно, соопшти Центарот на прес конференција.

Новооткриениот вирус уби 26 лица и зарази повеќе од 800, но повеќето случаи и сите смртни случаи досега има во Кина, каде властите воведоа ограничувања за патувања и јавни собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот