Желбите на Пандев: Македонија да игра на ЕВРО 2020 и Џенова да остане во Серија А

Капитенот на македонската репрезентација во интервју за „Ил Секоло“ зборува за очекувањата во 2020 година.

Горан Пандев за годинава има дне големи желби, едната е поврзаната на репрезентативно поле, а втората на клупско.

Капитенот на „црвено-жолтите“ посакува Македонија годинава за прв пат во историјата да настапи на Европско првенство, додека втората е неговиот клуб Џенова да обезбеди опстанок во Серија А.
Македонија на 26 март ја очекува полуфиналниот дуел од Лигата на нациите против Косово, а доколку успешно ја помине оваа пречка, репрезнетативците би играле во финалето против подобриот од второто полуфинале Грузија – Белорусија.

– Македонија да игра на Европско и Џенова да остане во Серија А. Тоа се моите желби за 2020 година и морам да кажам дека се навистина реални, иако сите треба максимално да се потрудиме. На 26 март играме со Косово и тоа е животна шанса за мојата репрезентација. Ова е моја петта година во Џенова и тука се чувствувам како „дома“. Играм во најстариот клуб во Италија и секоја недела се чувствувам убаво кога ќе го облечам дресот. Кога ќе заминам во пензија? Не размислувам за тоа, ми влијаат и пријателите кои велат – играј додека се забавуваш и тие убаво. Сакам да ја завршам кариерата на убав начин – рече Пандев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот