Згрутчување на крвта, опасна појава што може да го загрози животот

Фото: Профимедиа

Крвните згрутчувања се многу опасна појава што може да го загрози животот на оној што ги има во организмот, а притоа не е свесен за тоа. Сепак, нашето тело како и за секоја внатрешна промена, така и за оваа се обидува да ни сигнализира дека нешто навистина не е во ред со нашето здравје. Затоа внимателно следете ги знаците и на тој начин ќе си го спасите живот.

Згрутчувањето на крвта во нашиот организам всушност е насобрана крв што поради тоа што се претворила во еден вид гел, ја изгубила способноста да тече и почнала да се акумулира во некоја вена или артерија.

Иако речиси и да нема човечки организам во кој барем еднаш во текот на животниот век се нема акумулирано ваква крв во некоја вена, сепак тој човек не почувствувал одредени здравствени промени поради малата количина акумулирана крв. Ако ваквата состојба трае долго, а притоа количеството згрутчена крв постојано се зголемува, во тој случај мора навремено да се реагира бидејќи станува збор за животозагрозувачка состојба.

Ваквото опасно наталожување крв во вените е познато како длабоко венска тромбоза, а особено е ризично доколку згрутчената крв почне да се движи и стигне до мозокот или до белите дробови.
Токму затоа, секој од нас би требало да научи да ги препознава сигналите и симптомите што ни ги дава телото доколку во него почнала да се таложи поголема количина згрутчена крв.

Постојано кашлање

Доколку понекогаш имате неочекуван „напад“ на кашлање, без да има каква било причина за тоа, може да биде еден од сигналите на предупредување што ви ги дава телото. Неконтролираното кашлање понекогаш може да значи дека во белите дробови почнал процес на акумулирање згрутчена крв.

Остра болка во пределот на градите

Ако ве болат градите секогаш кога ќе вдишете длабоко, а притоа не сте пушач кој во изминатото деноноќие претерал со пушењето, тогаш овој сигнал треба да биде доволна причина веднаш да се обратите на лекар и да ги потврдите или да ги демантирате сомнежите дека во белите дробови има згрутчена крв. Дополнителна потврда на вашите сомнежи може да биде и ако без некоја особена причина чувствувате остра болка во градите, толку силна што одреден број луѓе мислат дека штотуку добиле срцев удар.

Болки и отекување на рацете и на нозете

Иако за да отидете на лекар и да проверите дали имате згрутчување на крвта ќе треба да имате „посилни“ симптоми од отекување и болки во нозете и рацете, сепак кога станува збор за овие симптоми, според докторите тие се оние што луѓето ги чувствуваат кога има проблем со таложењето поголемо количество крв на едно место.

Отежнато дишење

Доколку имате згрутчување на крвта и тоа во белите дробови, најверојатно ќе почувствувате тежина во градите што буквално ќе ви го одзема здивот. Во таков случај тахикардијата, односно забрзаното срцево биење е нормална појава поради намалениот внес на кислород во телото. Поради тоа, срцето ќе почне да пумпа крв побрзо од вообичаеното за да однесе доволно кислород во сите други делови од телото заради нормално и непречено функционирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот