Земјоделците навремено да го плаќаат закупот за државно земјоделско земјиште

Од  Подрачната единица на МЗШВ Куманово ги повикаа земјоделците кои имаат склучено договори за закуп за државно земјоделско земјиште навреме и  во целост да го плаќаат долгот кој произлегува од договорот за закуп за користење на државно земјоделско земјиште.

Оттаму нагласуваат дека  согласно Законот за земјоделско земјиште и Закон за  изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште содржани се одредби со кои се дефинира обврската за навремено плаќањето на закуп за државното земјиште кое го користат земјоделците, врз основа на склучени договори за закуп на државно земјоделско земјиште.

-Сакаме да ги информираме  земјоделците кои имат склучено договор за закуп на државно земјоделско земјиште,  дека рокот за плаќање на закуп  согласно член 19, став 1, од Законот за земјоделско земјиште и согласно склучениот договор  е до 31 јули во тековната за претходната година, а за постарите договори е 31 декември во тековната година-повикаа од подрачната единица. Одредбите од измените на законот направени од Законот за земјоделско земјиште, за секое задоцнето плаќање по законски утврдениот рок, предвидуват да се пресметува законска казнена камата за период од денот на плаќање до законски обврзувачкиот рок за плаќање. Покрај одредбата за пресметка на законски казнена камата, доколку не се подмири долгот во предвидениот рок за плаќање на закупот и по добивање на опомената за плаќање, со измените се предвидува и раскинување на договорот како крајна мерка- велат од Подрачната единица на МЗШВ Куманово. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот