Зеленски вели дека Путин ги смета сите за терористи, освен себеси

Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина била вмешана во терористичкиот напад во предградијата на Москва. За време на своето редовно обраќање, Зеленски рече дека „Путин сите освен себе ги смета за терористи“.

„Денеска Путин повторно зборуваше сам со себе, а тоа беше емитувано на телевизија. Повторно ја обвинува Украина. Болно и цинично суштество. За него сите се терористи, освен самиот тој, иако веќе две децении го води теророт. А, кога ќе замине, со него ќе исчезне и барањето за терор и насилство, бидејќи тоа е негово барање. Ничие друго“, изјави синоќа Зеленски.

Зеленски им се заблагодари на сите што работат на отстранување на последиците од најновите руски напади. Тој нагласи дека е исклучително важно да се внимава на оние на кои им е потребна поддршка. Според него, дури и ако некој се срами да побара помош, другите треба да обрнат внимание, да го поддржат и да не го оставаат сам.

Тој рече и дека во текот на денот добил пријави од армијата и разузнавањето.

Инаку, Зеленски вчера учествуваше на ифтар, специјална вечера одржана во текот на месецот Рамазан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот