Зеленски свика итна седница на Советот за национална безбедност, не кажува што е причината

Зеленски/ Фото ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за утре свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

„Претседателот Володимир Зеленски за утре свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Агендата и другите детали ќе бидат објавени подоцна”, објави Сергеј Никофоров, портпаролот на украинскиот претседател на Фејсбук.

Кремљ претходно денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин утре на церемонија во Москва ќе ги потпише документите за присоединување кон Русија на украинските територии на кои беа спроведени референдусмки изјаснувања.

Зеленски претходно ја предупреди Русија дека ќе следува „мошне остар” одговор од Киев доколку Москва ги анектира четирите украински региони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот