Зеленски со осуда за рускиот напад врз Харков

Зеленски е фаворит на многу обложувалници - Фотографија ЕПА, Сергеј Долженко

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди рускиот „подол и циничен напад“ врз вториот по големина град во земјата, Харков, каде што ноќеска беа убиени четири лица, вклучително и тројца спасувачи.

„Во подлиот и циничен напад загина еден цивил и тројца спасувачи кои пристигнаа на местото на првиот удар“, напиша Зеленски на Телеграм, кој со месеци го повикува Западот да му обезбеди повеќе системи за противвоздушна одбрана.

„Во текот на ноќта Русија ја нападна Украина со 20 беспилотни летала, од кои 15 беа насочени во неколку бранови кон Харков. Украинската воздушна одбрана успеа да неутрализира 11 непријателски беспилотни летала. Најмалку 12 лица се повредени во нападот, соопшти шефот на регионалната администрација Олег Синегубов.

„При ударите на Харков е оштетена и енергетската инфраструктура и околу 350.000 луѓе во градот останаа без струја“, соопшти Министерството за енергетика на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот