Зеленски на состанок со воената команда одлучи дека војската ќе продолжи да го брани Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја посети линијата на фронтот во регионот Запорожје / Фото: EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата воена команда се согласија да продолжат да го бранат Бахмут, град во источна Украина кој беше предмет на немилосрдни борби, соопшти кабинетот на претседателот.

По состанокот на кој присуствуваа претседателот, главните владини претставници и воените команданти, канцеларијата на Зеленски објави во соопштение: „По разгледувањето на одбранбената операција во насока на Бахмут, сите членови изразија заеднички став за продолжување на одржувањето и одбраната на градот Бахмут“.

Русија смета дека заземањето на Бахмут би го отворило патот кон другите градови и на крајот заземање на целиот Доњецк, додека Украина продолжува да го брани тој град за да ја измори руската армија и да подготви контраофанзива.

Во понеделникот вечерта Зеленски рече дека иднината на Украина зависи од исходот на борбите на истокот на земјата, вклучително и околу Бахмут.

Русија ја засилува својата зимска офанзива за да го заземе. Уништениот рударски град стана главна цел на руските сили, а повеќемесечната битка за Бахмут се претвори во најкрвавата пешадиска битка во Европа по Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот