Зеленски ја бара помошта на САД – во спротивно Украина „ќе мора да се повлече“

epa11228545

Првиот човек на Украина предупредува дека недостигот на финансии може да ги загрози големите украински градови. Додека Бајден се обидува да протурка пакетот мерки – помош од 60 милијарди долари за Украина кој е блокиран во Претставничкиот дом од страна на републиканците, Зеленски предупредува дека украинските сили ќе мора да отстапат поголема територија на Русија.

„Ако нема американска поддршка, тоа значи дека немаме противвоздушна одбрана, ракети Патриот, уреди за попречување на електронското војување, артилериски гранати од 155 милиметри. Тоа значи дека ќе се вратиме, ќе се повлекуваме, чекор по чекор, со мали чекори“, вели Зеленски.

Според него, Украина ќе биде принудена да ги штеди ресурсите што може да има сериозни последици во понатамошниот тек на војната.

„Ако ви требаат 8.000 куршуми дневно за да ја одбраните линијата на фронтот, а имате само, на пример, 2.000 гранати, немате друг избор освен да работите помалку. Ако пукне, Русите би можеле да ги нападнат големите градови“, заклучи Зеленски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот