Зеленски добил покана да присуствува на Самитот Г-20 иако Украина не е нивна членка

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека индонезискиот претседател Јока Видода го поканил на Самитот на Г-20, што кон крајот на годината се одржува во Индонезија.

Украина не е членка на Г-20, но лидерите на Групата претходно канеа државите како гости на заеднички собири.

Г-20 претходно ја осуди руската инвазија врз Украина. Неколку земји-членки на Г-20 повикаа на исклучување на Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин од Самитот на Бали во ноември, но Индонезија, која претседава со Г-20 наведе дека е прерано да се одлучи.

Индонезискиот министер за финансии Шри Мулјани Идравати призна дека Г-20 се соочува со невидени предизвици, но повика на соработка за надминување на пречките кои го забавуваат глобалниот раст.

Минатата недела на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Вашингтон, претставниците на САД, на Велика Британија и на Канада ја напуштија салата кога зборуваа руските претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот