Зеленски до НАТО: Покажете ѝ на Русија дека не ѝ се плашите

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повика НАТО да „покаже дека не се плаши од Русија“.

„Мојата клучна порака до НАТО е – не треба да се плашите од никого“, рече тој.

Зеленски истакна дека „битно е да се договорат безбедносни гаранции за целиот свет, така што никој не ни помислува да стане автократ, а дури и да е автократ, да не ни помисли дека може да освои туѓи територии“.

„За тоа е потребно единство. Мислам дека без Украина, алијансата не е толку силна, особено не на европскиот континент. Мислам дека влезот на Украина во НАТО е важен чекор за силата на Алијансата во Источна Европа. Ние му ја нудиме таа шанса на НАТО и благодарни сме за неговата поддршка“, рече Зеленски и го повика НАТО „да покаже решителност“.

„Не само што Украина треба да ја покаже својата сила пред Русија, туку и НАТО треба да го направи тоа, мора да покаже дека не се плаши од Русија. Знам дека сите разбираат дека безбедносните гаранции се нешто што и треба на Украина. Мислам дека ние сме на тој пат, ние дефинитивно сакаме да одиме на тој начин. За жал, колку брзо ќе оди не зависи само од Украина“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот