Зекири: Јанева ги разочара сите, и власта и опозицијата

Пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, по седницата на Комисијата за избори и именувања, рече дека очекува и на пленарната седница сите пратеници да гласаат едногласно за разрешувањето на Катица Јанева од функцијата специјален јавен обвинител.

– Жалиме што седницата не беше отворена. Не треба да бидеме загрижени дека во извештајот има многу нешто што јавноста не знае. Се надеваме дека маглата ќе биде расчистена наскоро со почеток на судската постапка – рече Зекири и додаде дека не жали што дал поддршка за СЈО.

– Вината е индивидуална, ако некој се огреши треба да одговара. Јанева сите ги разочара, и дадоа поддршка и власта и опозицијата – рече Зекири.

На прашањето, што ќе биде понатаму, дали ќе се назначи в.д. претседател на СЈО или ќе се избере нов, тој рече дека се очекува за ова прашање да има решение во партиските преговори за предлог законот за ЈО што се водат меѓу партиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот