Здружението на правници Роми ќе биде на располагање на жртвите од „Јавна соба”

Здружението на правници Роми одлучи доброволно и без никаков паричен надомест, да ги стави на располагање своите правни ресусни капацитети во интерес на жртвите од случајот Јавна Соба.

Здружението информира дека оваа одлука доаѓа по објавената сторија на една од жртвите на ,,Јавна Соба”, во која девојка одлучи јавно да зборува за нејзиниот случај на онлајн злоупотреба и со тоа да помогне да се подигне свеста на јавноста за овој проблем.

-Јавно ги повикуваме сите жртви на „Јавна Соба'”, вклучително и жртвата која јавно истапи во врска со нејзиниот случај на злоупотреба, бесплатно да ни се обратат за правен совет и поддршка за пријавување на постапките пред надлежните институции, стои во соопштението.

Како што потенцираат отттаму, целта на оваа одлука е да обезбедат целосно уживање на правата на жртвите и правна заштита.

-Во интерес на јавното добро, организација доброволно и целосно бесплатно се става во правна функција на жртвите од „Јавна Соба”. Информации за контакт се [email protected] или Facebook страна – Roma Lawyers Association, порачуваат од здружението.

Инаку, здружението на правници Роми е независна непрофитна асоцијација формирана во 2015 година и го застапуваат правниот интерес на ромската заедница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот