Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка утре ќе одржи протест пред Собрание

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард Банка утре во 15 часот ќе одржат трет протест, овој пат пред Собранието каде во исто време ќе се одржува надзорната расправа на која ќе учествува и претставник од Здружението.

„Како што можете да видите сите кои нешто “значат” во банкарскиот систем се поканети. Е сега, дали истите тие се вмешани во овој ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ наречен пропаѓање на Еуростандард Банка ќе ни покаже токму оваа надзорна расправа и одговорите нивни на прашањата на пратениците и на Здружението кое учествуваше во подготовките.

Покана имаат уредно добиено сите наведени на листата, е сега колку од нив ќе ја прифатат и се појават пред ова прво “Рочиште на Правдата за Штедачите” или нема да ја прифатат времето ќе ни покаже нели?

Ние како Здружение можеме со сигурност да потврдиме дека ќе присуствуваме внатре но и надвор пред Собрание!“, соопштија од Здружението на оштетени штедачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот