ЗАТВОР ДО ОСУМ ГОДИНИ: Турските новинари осудени, иако Касацискиот суд ја поништи пресудата

Турскиот суд ги повтори затворските казни изречени против неколкумина поранешни новинари на опозицискиот весник Џумхуриет, иако Касацискиот суд претходно ја поништи пресудата.

Судот повтори претходно изречените пресудите против 12 поранешни соработници и новинари на весници и ги осуди на казни до осум години затвор за „помагање терористички групи”.

Уште еден осуден од истата група, беше ослободен.

Одлуката на судот не предвидува налози за апсење, што значи дека осудените лица кои биле на суд и се на условна казна не мора да се вратат во затвор.

Џумхуриет, голем противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ги отфрли сите обвинувања и наведе дека Владата сака да ги замолчи последните остатоци од независните медиуми во Турција.

Според рангирањето за слобода на медиумите на „Репортери без граници” Турција е на 157 место од 180 места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот