Зариф: Ќе го почитуваме нуклеарниот договор ако тоа го направат САД и ЕУ

epa08602576 Iranian Foreign Minister Mohammad Javad Zarif talks to the media during a news conference after a meeting with his Lebanese counterpart Wehbe at the Foreign Ministry in Beirut, Lebanon, 14 August 2020. Zarif is visiting Beirut for talks with senior Lebanese officials and express solidarity to the nation over the deadly explosion in the capital. EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф на денешната виртуелна конференција во Рим изјави дека Техеран во целост ќего почитува Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма од 2015 година доколку САД и Европска Унија ги исполнат своите ветувања.

Тој додаде дека за така наречениот Заеднички сеопфатен план за акција не треба да се преговара и укажа дека САД имаат одредени обврски и не се во позиција да поставуваат услови.

Иранските власти вчера изгласаа закон со кој се обврзува Владата да ги запре инспекциите на Обединети нации во своите нуклерани постројки и да отпочне збогатување на ураниум, доколку во рок од два месеца не се намалат санкциите кон Иран.

– Владата ќе го примени овој закон без оглед на тоа што не сакаше да го усвои, посочи Зариф.

Тој додаде дека економските санкции што ги воведе администрацијата на американскиот претседател ДоналдТрамп скапо ги чинат граѓаните на Иран и оневозможија купување на лекови и вакцина против пандемијата.

– Тоа е злосторство против човештвото, посочи Зариф.

Иранскиот министер за надворешни работи додаде дека санкциите на САД ги спречија европските компании да работат во Иран.

– Европа тврди дека го почитува договорот, но не гледаме компании од ЕУ да имаат деловна активност во Иран, да купуваат нафта од нас, да испраќаат пари во нашите банки, истакнаЗариф.

Тој изрази надеж дека соседните арапски држави ќе отпочнат дијалог со Техеран откао ќе истече мандатот на Трамп.

Трамп во 2018 година ги еднострано ги повлече САД од Договорот со образложение дека Техеран не направил доволно да ги ограничи иранските нуклеарни и ракетни програми, ниту да го намали военото влијание во Среден Исток. По повлекувањето од Договорот, САД повторно воведоа санкции кон Иран.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вчера во интервју за „Њујорк тајмс” изјави дека сака брзи нови преговори со Иран, но со консултации со сојузниците на САД по повторното придружување на Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.
– Најдобар начин за да се постигне извесна стабилност во регионот е разгледување на иранската нуклеарна програма. Ако Иран има атомска бомба, тогаш во Блискиот Исток би настанала трка за нуклеарно вооружување, а тоа е последна работа што е потребна во тој дел од светот, посочи Бајден.

„Њујорк тајмс” наведе дека новите преговори би се однесувале и на дополнителни нуклеарни ограничувања, како и на активностите на иранските сојузници – Либан, Ирак, Сирија и Јемен.

Вестникот исто така истакна дека Бајден покрај консултациите со земјите-потписнички на Договорот (Кина, Русија, Франција, Германија и Велика Британија) ќе разговара и со земјите ривали на Иран – Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот