Запознајте ја новата платформа за споделување на ставови, авторски текстови и слики

Идејата на kooperacija.mk е да им даде платформа на авторите, преку која ќе може да допрат до поширока публика, а на читателите да им понуди квалитетна содржина на едно место. На веб платформата секојдневно може да се најде нова содржина, која ја креираат дваесетина автори. Секој член има свој профил, кој самостојно го уредува, без уредништво, цензура или насоки за содржината и стилот. Уредничката улога на kooperacija.mk е во изборот на нејзините членови, кој не е случаен. Тимот на автори е составен од луѓе со различни стилови на креирање и сфери на интерес, за да се понуди побогата и поразновидна содржина за посетителите на платформата.

Платформата нуди едноставен начин на креирање и уредување на постови и нуди многу можности за постирање, текстуални постови, слики, видеа, линкови од надворешни страни, вградување на постови од социјални мрежи, квизови и анкети. Целиот процес се одвива во неколку добро објаснети чекори. Интерактивноста со читателите е врз основа на гласање за постови, реакции, коментари.

Посетете ја kooperacija.mk за свежи содржини и поддржете еден поинаков
комуникациски концепт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот