Започнува постапка за изградба на градинки во Трубарево и Инџиково

unsplash
Фото: Unsplash

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки во Трубарево и Инџиково.

Откако претходно ги завршивме урбанистичко – планските промени и утврдивме точни локации за изградба на новите детски градинки, Советот на општина Гази Баба по моја иницијатива на вчерашната седница донесе Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште – информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој додава дека кога ја презел функцијата градоначалник во Општината немало урбанистичко – планска документација за изградба на ниту една нова детска градинка, а денеска се подготвува изградба на нови детски градинки на три локации во општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот