Започна со работа новата иновативна финансиска платформа „Паричник.мк”

Со цел да им се помогне на корисниците полесно и побрзо да дојдат до информација за најповолните банкараски производи на дневна основа, овие денови започна со работа новата иновативна финансиска платформа Паричник.мк.

– Станува збор за независна финансиска платформа со единствен концепт и иновативен пристап која ефективно ги спојува финансиските институции и корисниците нудејќи ги очекуваните финансиски информации на дневна основа, наведоа основачите на платформата.

Тие истакнаа дека веќе нема потреба да се оди во банка, или пак да се посетуваат интернет порталите на одделните банки, напротив, како што појаснија, сега со посета на финансиска платформа Паричник.мк со еден клик се добиваат сите информации, кои носат заштеда на време но и средства за корисниците.

– Платформата нуди ажурирани, прецизни информации кои помагаат во процесот на професионални одлуки, истакнаа основачите на платформата.

Посочија дека Паричник.мк претставува дигитален еко-систем на кој секојдневно се одвива понудата и побарувачка на сите банкарски и финансиски производи, помагајќи да се донесе најдобрата финансиска одлука во склад со своите потреби и можности.

– Платформата Паричник.мк е независен специјализиран онлајн портал кој соработува со сите интересни групи, со цел креирање на позитивна клима за развивање на квалитетни односи и интерактивни комуникации помеѓу финансиските институции и нивните традиционални / потенцијални клиенти, заклучија основачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот