Замрзнат имотот на Груевски по откривањето на двата стана и плацот на Водно

Никола Груевски, Фото: Архива

Кривичниот суд ги замрзна новооткриените 3 000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на поранешниот премиер Никола Груевски, објави порталот СДК.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за порталот вели дека на хартија фигурираат други имиња, но дека Обвинителството изнело докази пред Судот дека становите се на Груевски.

Одлуката судот ја донел пред десетина дена, а засега никој не поднел жалба.

Поранешниот премиер од Унгарија негираше дека становите се негови, велејќи дека ги изнајмил под кирија. Обвинителите изнеле чудење зошто сопствениците не поднесуваат жалба.

На Водно не биле замрзнати сите нелегално купени плацеви на Груевски, туку само поскапите, кои од шума, биле трансформирани во градежно земјиште, со повеќекратно зголемена цена за метар квадратен.

Засега Обвинителство нема да ги чепка становите на мајка му Надежда, кои се веднаш до двата новооткриени. Нема да биде замрзнат ниту станот во Капиштец, додека тој во Аеродром бил продаден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот