Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, велат од МТСП

Министерство за труд и социјална политика

Со овој закон се овозможува еднаква заштита и достоинствен живот за сите граѓани и граѓанки на Република Северна Македонија.

Усвојувањето на Законот за заштита и спречување на дискриминација беше победа за сите граѓани и еднаквоста. Заложбата на Министерството за труд и социјална политика беше не само да се изготви закон усогласен со ЕУ директивите и меѓународните стандарди туку навистина да овозможува еднакви права за сите и ефикасна заштита од дискриминација, стои во соопштението од Министерството за труд и социјална работа.

Со овој закон се овозможува еднаква заштита и достоинствен живот за сите граѓани и граѓанки на Република Северна Македонија.

-Законот, со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, ја прошири заштитата од дискриминација кон сите граѓани. Законското решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Основа за донесување на овој закон е токму Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и права на човекот и граѓанинот- стои во соопштнието од МТСП.

Процесот на подготовка на Законот беше транспарентен, велат оттаму, и беа вклучени сите засегнати страни како домашни невладини организации, меѓународни организации и институции. Исто така, Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обединетите нации, од ЕУ и од ОБСЕ-ОДИХР.

-Ние веруваме дека државата, со ова ново законско решение, направи значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го законодавството на ЕУ и меѓунардоните стандарди за човекови права. Министерството, во соработка со Националното координативно тело за недискриминација, започна со активности во насока на ефикасна имплементација на законот- стои во соопштнието.

Она што останува како итен приоритет и прва задача за следниот собраниски состав, велат оттаму, е да се усвои законот и да се спроведе изборот на членовите на Комисијата за  заштита од дискриминација на транспарентен начин и водејќи сметка за квалитетот на избраните кандидати кои мора да бидат професионални, независни и навистина да делуваат како бранители на еднаквоста на сите граѓани.

Министерството за труд и социјална политика останува посветено на борбата за слободен и достоинствен живот на сите наши сограѓанки и сограѓани.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот