Законот за даночните поттикнувања за донации и спонзорства во активностите од јавен интерес на ЕНЕР

Министерство за правда / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Законот за даночните поттикнувања за донации и спонзорства во активностите од јавен интерес е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), информираат од Министерството за правда.

Целта на законот, како што велет од Министерството за правда, е поттикнување на донирањето заради остварување, унапредување, промоција и поддршка на активностите од поширок јавен интерес. Сите заинтересирани и засегнати страни во наредниот период имаат можност да го разгедаат законот и да дадат свои коментари, предлози или сугестии.

Од Министерството за правда посочуваат дека законското решение што се предлага би придонело за охрабрување на работата на граѓанските организации преку дополнителен метод за финансирање и исполнување на утврдените мисии, за поттикнување на донаторите со стимулирање на локалната филантропија, за зајакнување на филантропијата преку даночни поттикнувања за стимулација на потенцијалните даватели за поддршка на јавно корисна иницијатива, за спречување/минимизирање на можноста за измама, како и зголемување на транспарентноста и одговорноста на примателите на донации, за промовирање ефикасно користење на расположливите ресурси, воедно и за значително намалување на административниот товар на институциите, ефикасност на администрацијата и користење на електронски системи.

-Со предложените решенија се уредуваат давањето и примањето на донациите и спонзорствата за коишто давателот и примателот можат да бараат даночни поттикнувања, целта на давањето и примањето, давателите и примателите, предметот, користењето и видовите даночните поттикнувања и евидентирањето и контролата на донациите и спонзорствата во активностите од јавен интерес. Овој закон не се применува врз донациите и спонзорствата за кои давателот или примателот не бараат даночни поттикнувања, се наведува во соопштението.

Овој предлог, како што посочуваат од Министерството за правда, се темели на клучната експертиза, низа континуирани консултации со корисниците на законот (институции, непрофитен сектор, бизнис заедница, индивидуални донатори) во период од повеќе од 10 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот