Заклучни говори на обвинителите и адвокатите на Трамп во постапката за неговиот импичмент

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Во петокот, републиканците го одбија предлогот на демократите за повик на сведоци и отворање на документација, и покрај тоа што се појави нова и најверојатно релевантна информација за притисокот што Трамп го вршел врз Украина да спроведе истрага за негов политички ривал.

Во Сенатот на САД започна расправата по заклучните аргументи на двете страни, обвинителството и одбраната по судската постапка за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Во петокот, републиканците го одбија предлогот на демократите за повик на сведоци и отворање на документација, и покрај тоа што се појави нова и најверојатно релевантна информација за притисокот што Трамп го вршел врз Украина да спроведе истрага за негов политички ривал.

Сенаторите утре ќе имаат можност, ако се пријават, да ги дадат своите заклучни видувања на процесот за импичмент, а за в среда е закажано конечното гласање дали Трамп ќе биде осуден или ослободен од обвиненија.

Покренатите обвиненија произлегуваат од телефонскиот разговор на Трамп со неговиот украински колега Володомир Зеленски од 25 јули 2019 година. Во разговорот Трамп побара од Зеленски спроведување истрага за политички ривал, истовремено блокирајќи ја од Конгресот одобрената воена помош за Украина.

За утре е закажано и годишното обраќање на претседателот до нацијата, во кое се очекува Трамп да говори за неговата изборна програма.

В среда, вниманието на јавноста во Вашингтон ќе биде насочено на гласањето за пресудата. Се очекува да биде во полза на Трамп, бидејќи републиканците со 53 сенатски мандати, го држат мнозинството во Сенатот и ги штитат политиките на претседателот, наспроти ривалите демократи, кои имаа 47 мандати и се малцинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот