Заканувачки пораки до Албанците муслимани од Косово и Македонија: Не сте добредојдени на албанските плажи – Слободен печат
ВестиРегион

Заканувачки пораки до Албанците муслимани од Косово и Македонија: Не сте добредојдени на албанските плажи

Медумите наведуваат дека овие видеа што циркулираат на социјалните мрежи предизвикале голема вознемиреност меѓу Албанците од двете земји.

Полицијата во Албанија распишала потерница по двајца нејзини државјани заради поттикнување омраза, а за двајцата постојат сомненија дека ја напуштиле земјата и највројатно се засолниле во соседните земји, пренесува телевизјата Ора њуз.

Веста која ја пренесуваат и другите албански медиуми, повикувајќи се на порталот Инсајден, наведуваат дека преку два видео записа тие упатуваат закана кон Албанците муслимани од соседно Косово и  Македонија да не доаѓаат на одмор на албанското крајбрежје бидејќи „ќе бидат живи дерени, како што тоа „им го правеле“ Србите на Албанците на Косово“.

Покрај овие и други навредливи зборови, Албанците муслимани од двете земји, кои заминале на одмор на плажите во Албанија често ги нарекуваат „валкана и карцерогена раса“.

– Вие сте една валкана, канцерогена раса во овој светот – изјавил меѓудругото едниот од нив.

Медумите наведуваат дека овие видеа кои циркулираат на социјалните мрежи предизвикале голема вознемиреност меѓу Албанците.

„Државната полиција веднаш покрена соодветни проверки за да се изведат пред лицето на правдата лицата кои со своите коментари поттикнаа омраза и нетрпеливот. По спроведените процедурални активности полицијата ги идентификуваше двете лица кои употребуваат говор на омраза. По  Антон Зефи (39) од Хот, Голема Малесија и Луиѓ Марку (36) од Калмет, кај Лежа, распишана е потерница откако е утврдено дека се надвор од територијата на Република Албанија“, соопшти државната канцеларија за борба против тероризам.

Се нагласува дека државната полиција останува посветена да се справи со какво било незаконско дејствување и да обезбеди безбедна средина за сите домашни и странски државјани кои ја одбрале Албанија како дестинација за летување.

Врз основа на албанскиот Кривичен законик за кривичното дело „поттикнување омраза и нетрпение“  предвидена е казна од две до десет години затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close