Заинтересираноста за работни визи во Германија се зголемува, амбасадата не може да постигне

Пасоши/ Фото EPA/GEORGI LICOVSKI

Германската амбасада поради големниот интерес на македонските државјани кои сакаат да работат во Германија, не може да постигне да им додели термини на сите заинтересирани граѓани, пренесува Дојче Веле.

Ваквиот интерес речиси целосно ја блокираше страницата за поднесување барања за термини за издавање на работни визи. На 1-ви септември беше отворена листата на чекање за термин на кој може да се аплицира за работна виза во Германија, а веќе вчера листата била пренатрупана со барања. Согласно германските закони, за целиот регион на Западниот Балкан определена е квота на работници кои годишно можат да аплицираат за виза во земјата. Северна Македонија во таа распределба добива надпропорционален удел, но според големиот интерес, тоа најверојатно нема да е доволно.

„Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање“, соопшти амбасадорката Анке Холштајн на Фејсбук.
Само во понеделникот германската амбасадата во Скопје потврди дека имала над 50 илјади прегледи, иако тие не ги соопштија целосните бројки на луѓе кои аплицирале.

Во Германија од 1-ви јануари годинава, стапи на сила таканаречена „Регулатива за Западен Балкан“ со која се овозможува привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот за државјани од земјите во регионот.

Ова правило на сите заинтересирани лица им дава можност да се пријават за работна виза во амбасадата во Скопје.

Но овде започнуваат проблемите. Интересот за визите е преголем па честопати се случува за термините да се чека и по неколку месеци. Споредбено со останатите земји од регионот, во Скопје сепак се чека најмалку, но тоа не е утеха за многуте заинтересирани кои бурно реагираат.

Од Амбасадата информираат дека секој месец се отвора нова листа на чекање за термин за следниот месец, но во моментот кога месечниот контингент за поднесени барања ќе се пополни, листата се затвора, а заинтересираните мора повторно да аплицираат наредниот месец.

На заинтересираните лица од Северна Македонија им беа издадени рекордни 6.425 работници визи во 2019-та година, но поради коронавирус пандемијата тие бројки се намалија драстично во 2020-та година кога работна виза добиле само 1.291 луѓе. Откако летово Германија повторно ги отвори границите за слободно движење и на граѓаните надвор од ЕУ, продолжи и процесот на издавање работни визи, а интересот е огромен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот