Заев: Сите спотови ви се со Зоран Заев, веројатно во сонот сум ви ноќна мора!

Ви истече времето како шеф на опозицијата, нема да бидете ниту шеф на опозицијата, му рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Не покажавте ништо во изминативе неколк години, освен опструкции и кочење. Јасно му е тоа на народот. Сто пати само моето име го спомнувате. Сите спотови ви се со Зоран Заев. Во сонот сум ви ноќна мора, веројатно. Зоран Заев ќе го гледате уште 4 години. Зоран Заев ќе ја добие одговорноста од нашиот народ и ќе продолжи да работи за нашиот народ. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ со европски лидер некогаш ќе поддржи вакви процеси како што е ветингот – рече Заев.

На што Мицкоски реплицираше, вие направивте да владеат криминалот и уцените. Вашата и мојата реторика се разликуваат.

-Јас не барам власт, нити сум шеф. Јас сум заедно со народот со желба да ја обновам државата. Јас сум претседател на партијата и вие не сте ми ноќна мора. Се надевам дека ќе ве гледам и во иднина, но во едно друго место каде што ќе мора да ја докажувате вашата невиност – одговори Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот