Заев: Секој кој ќе нападне полицаец, ќе се соочи со законот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Најостро го осудувам насилството врз полицајците од страна на дивокрадците во велешко. Насилството врз полицијата е сериозно кривично дело и такви постапки и однесување нема да се толерираат, напиша премиерот Зоран Заев.

-Секој кој ќе нападне полицаец или друг службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, ќе се соочи со законот и ќе претрпи сериозни правни последици. За поздравување е ефикасната акција на полицијата за приведување на насилниците, по што очекувам брза постапка и на Јавното обвинителство како одговор на принципот за нула прифатливост за насилство врз припадниците на Министерството за внатрешни работи. Бесправната сеча на шумите е сериозно кривично дело и загрозување на шумите како природно богатство и во таа насока ниту едно насилство предизвикано од дивокрадците и криминалните групи, нема да ги спречи припадниците на полицијата и овластените службеници да го заштитуваат јавното добро кое им припаѓа на граѓаните- стои во објавата на премиерот.

Дрвокрадци нападнале полицајци, приведени четири лица

На повредените припадници на безбедносните сили Заев им посака брзо закрепнување и што поскоро враќање кај своите семејства и на своите работни места.

Најостро го осудувам насилството врз полицајците од страна на дивокрадците во велешко. Насилството врз полицијата е…

Publiée par Zoran Zaev sur Vendredi 25 septembre 2020

Заев: Бруталноста на полициски службеници врз граѓани Роми е срамна за полицијата, очекувам казни за инволвираните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот