Дрвокрадци нападнале полицајци, приведени четири лица

Синоќа околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.

Како што информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, досега се приведени четири лица и пронајдено е возилото кое го користеле.

-Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клинички центар во Скопје, а четворица полициски службеници се здобиле со повреди.  Веднаш е известен јавен обвинител.  Се работи на расчистување на случајот, информира Додевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот