Заев сè уште оптимист: Веруваме во идејата на ЕУ, и ќе останеме посветени на тој пат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска учествуваше во дебатата на тема „Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“, што се одржа во организација на Институтот Карл Ренер и Фондацијата Фридрих Еберт во Виена.

На дебатата, на која учествуваше и Андреас Шидер, член на Европскиот парламент и претседавач со Делегацијата на заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија, во воведното излагање, премиерот Заев ги запозна присутните со најзначајните поенти од реформските процеси и истакна дека како целосно посветена на овие процеси, Владата ја обнови демократијата и испорача конкретни резултати во 4 области, како што се бараше во Заклучокот на Советот на ЕУ во јуни 2018 година, во владеење на правото, антикорупција, безбедносни реформи и реформи во јавната администрација, и паралелно беа остварени значајни позитивни промени и во социјалната сфера.

Прочитајте и...  Вучиќ: Мерките на Приштина се „луди", губиме еден милион евра на ден

-Ја покачивме минималната плата два пати за две години. Ја зголемивме поддршката за социјална помош за 300% во корист на 30 илјади семејства. Зголемена е поддршката на децата за 70 илјади деца. Платите во јавниот сектор, за лекарите, социјалните работници и наставниците, се повисоки. Воведовме социјална пензија, така што старите граѓани не остануваат без никакви приходи. Ние сме посветени да градиме општество што е социјално праведно и каде сите имаат еднакви шанси- нагласи премиерот Заев на дебатата во Виена.

Премиерот Заев потенцираше дека на меѓународен и на билатерален план, Владата на Северна Македонија успеа да ги реши билатералните спорови со Бугарија и Грција, и тоа ја направи земја без отворени прашања со соседите, како единствена на Западен Балкан од таа перспектива.

-Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за обете страни. Таа се заснова на компромис што гради пријателство. Компромис што е добар и за двете страни. Заедно со премиерот Ципрас создадовме модел за решавање на комплексни прашања- рече премиерот Заев.

Прочитајте и...  За два дена поднесени 27.100 барања за финансиска поддршка за мај

Премиерот додаде дека тоа е препознаено и афирмирано од меѓународната заедница, вклучувајќи го и Претседателот на Франција Макрон кој даде поддршка на овие политики во пресрет на референдумот за промена на името како чекор кон членството во ЕУ и НАТО.

-За Република Северна Македонија нема алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО. Ние го искористивме нашето време во „чекалната“ и денес сме подготвени и политички и институционално за старт на преговорите за членство во ЕУ. Ја разбираме Франција, но сметаме дека проширувањето може да оди паралелно со дебатата за новата методологија за членство во ЕУ- додаде Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев.

Премиерот Заев на дебатата за европските перспективи на Северна Македонија во Виена рече дека е сѐ уште оптимист и дека очекува шефовите и влади на земјите на ЕУ на нивниот самит во Брисел да донесат одлука да почнат преговорите за членство за нашата земја.

Прочитајте и...  Алијанса на Албанците: ДУИ ги злоупотребува административците како „жив штит" за политички интереси!

-Очекувам е ЕУ да се врати на изворните принципи и да покаже поголема грижа и внимание за процесите за проширување за да биде потврдена силата на привлечност за членство во ЕУ, и за да се елиминира интересот на трети страни во регионот. Ние веруваме во идејата на ЕУ, и ќе останеме посветени на тој пат“- потенцираше премиерот Заев на дебатата на тема “Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“, што се одржа во организација на Институтот Карл Ренер и Фондацијата Фридрих Еберт во Виена.

Прочитај повеќе

Осум минути се слушаше само дишње: Aмериканска детска телевизија ги поддржа протестите на необичен начин (ВИДЕО / АУДИО)

Слободен печат

Г7 со билатерални договори ќе ги олеснуваат долговите на најсиромашните земји

Слободен печат

Белата куќа забрани кинески патнички авиони да летаат до САД

Слободен печат

Османи му го честита на Хоти изборот за нов премиер на Косово

Слободен печат

Трудо запрашан за протестите во САД остана без зборови (ВИДЕО)

Слободен печат

Две лица вработени во детска градинка во Пробиштип позитивни на коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Трамп: Јас сум најдобар за црнечкото население од Линколн

Слободен печат

ИАТА: Пораст на патничкиот авиосообраќај во мај од 30 отсто

Слободен печат

Кастанер ветува казна за „секоја грешка” или расистички збор во француската полиција

МИА Агенција

Јанева пред ревизорите се соблекла по долна облека, дадена и е инекција за смирување

Слободен печат

Османи: Владата на Хоти не ја претставува волјата на граѓаните на Косово

МИА Агенција

Слободен печат на Инфективна клиника: Коронавирусот постои и никој не е имун на него (ФОТО+ВИДЕО)

Мими Шушлеска Петкова