Заев: С. Mакедонија стана фактор за стабилност во регионот како дел од моќното НАТО семејство

Северна Македонија стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност и земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина. Сите ние заедно, со поглед напред, ја обезбедивме македонската иднина, напиша денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев по повод една година од ратификување на Северно-антлантскиот договор.

– На денешен ден во 2020 година, на пратеничкиот состав во мандатот 2016-2020 му припадна честа, во името на сите нивни претходници во пратеничките клупи, во името на сите граѓани, да го ратификуваат Договорот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. На јарболот пред Парламентот беше кренато знамето на НАТО на 30-тата земја-членка на НАТО, пишува премиерот.

Според Заев, демократското мнозинство направило пресврт за неполни две години, по 27 април во 2017 година, во Собрание во кое застапниците на мракот и на политичкото насилие, оние кои сакаа моќ за своја лична корист, со насилство се обидоа да ги запрат демократските и прогресивните политички сили, поддржани од огромното мнозинство граѓани.

– Со поразот на тие политички структури, креатори на „заробената” држава, излеговме од длабоката политичка криза и државата ја вративме на пат по кој чекорат сите развиени демократски држави. Со тоа се афирмираше мнозинската волја на граѓаните, застанати зад идејата за едно современо општество, за граѓанска, демократска република, земја на можности за сите свои граѓани, пишува Заев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот