Заев: Рудник во Иловица нема да има, на ВМРО-ДПМНЕ профитот му е поважен од граѓаните

Претседателот на СДСМ Зоран Заев при денешната посета на Струмичкиот регион имаше средба со жителите на населеното место Иловица. На средбата се разговараше за спроведените мерки и политики, решенијата од новата Програма, а главен фокус беше ставен на темата со рудникот за бакар и злато Иловица – Штука.

Пред присутните, Заев нагласи дека тој и СДСМ го одржаа зборот и затоа денеска во Иловица нема рудник кој би ја загрозил природата и животната средина.

– Кога во 2016 на парламентарните избори и во 2017 на локалните ја баравме вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска стојам пред вас и со гордост можам да ве погледнам затоа што зборот го одржавме. Струмичката котлина, нашиот Огражден ги спасивме од рудникот на смртта. Тешка беше таа борба, ја водевме со години, но верувавме дека ќе успееме и успеавме. Денес, вие граѓаните од Иловица, но и целиот овој крај можете да бидете горди што не дозволивте да се отвори рудник и што заеднички успеавме да ја зачуваме животната средина и оваа наша плодна земја, оваа наша прекрасна природа, порача Заев.

Тој се осврна и на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за отворање на рудници и нивниот пристап кон интересите на граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ донесе сериозен проблем со концесиите за рудници. Тој проблем посветено го решававме со вас граѓаните и за целото тоа време, ВМРО-ДПМНЕ не само што не се извинија, не само што не признаа дека погрешиле пред граѓаните, туку го гледаме нивниот носител Игор Јанушев, пак рудници ветува, пак нови маки за граѓаните. Тоа само покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ само профит ги интересира, не им се важни интересите и здравјето на граѓаните, заштитата на природата. Само профит и пусти пари им се важни. Е, затоа ќе си останат во опозиција уште 4 години. Бидете спокојни, во Иловица рудник нема да има, порача Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот