Заев пристигна на лидерската средба
Премиерот Зоран Заев пристигна на лидерската средба во вила Водно што ќе се одржува на покана на претседателот Стево Пендаровски.
Заев на лидерската средба дојде по претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Движење Беса, Билал Касами, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
По премиерот, иако ненајавен пристигна и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, за денеска во 17.00 часот ја закажа лидерската средба во неговиот Кабинет на вила Водно.
Во фокусот на лидерската средба ќе бидат предвремените парламентарни избори кои ги предложи премиерот откако ЕУ одлучи да не и додели датум за преговори на Македонија.