Заев, Османи и Филипче заминаа за Бугарија, во тек е истрага за несреќата

Заев-Османи-и-Филипче-заминаа-за-Бугарија-–-МИА
Зоран Заев ја поднесе оставката/ Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев за МИА поврди дека оди за Бугарија да ги посети преживеаните во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма” во која според првичните информации животот го загубија најмалку 45 лица, а седум се повредени.

Со Заев за Бугарија заминаа и министерот за здравство Венко Филипче и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

СТРАШНА ВЕСТ: Македонски автобус се запали во Бугарија, најмалку 45 загинати и седум повредени

Заев информира дека во Бугарија се упатени и надлежни екипи од Северна Македонија. Тој изрази сочувство за загинатите во несреќата за која лично бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев.

На местото на несреќата, пак, како што јави БТА, се упатил бугарскиот премиер Јанев.

Во тек е истрага за тешката сообраќајка на автопатот Струма, изјави за новинарите премиерот Стефан Јанев кој е на местото на несреќата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев им изрази сочувство на семејствата на загинатите и ги повика истражителите да си ја завршат работата.

– Имаме огромна трагедија, немаме ништо добро да кажеме, трагедија која не потресе и бара државата брзо да реагира. Да ги оставиме истражните органи да си ја завршат работата, рече Јанев.

Тој информира дека во раните утрински часови се слушнал со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Заедно со бугарскиот премиер, на местото на несреќата е и министерот за внатрешни работи Бојко Рашков. Според Раков, сликата е ужасна. Сообраќале четири автобуси и најверојатно имало трансфери меѓу нив. Работиме на идентификација, додаде Рашков.

Заштитната ограда на автопатот е уништена од автобусот, а сосема е можно пожарот да настанал во контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков. Во моментов кон местото на несреќата патува тим од судски лекари за да го утврдат идентитетот на загинатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот