Заев: Никој не е венчан за функцијата

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со објективни согледувања, претпоставки и одговорности. Никој не е венчан, ниту врзан за функцијата. Секој е заменлив, но не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради скриени политички побуди или други намери, рече денеска премиерот Зоран Заев во врска со неговата одлука да не ги прифати оставките од министерот за здравство Венко Филипче, од неговиот заменик  Илир Хасани и од директорите на болницата, по пожарот во кој загинаа 15 лица.

– Чувството за морална одговорност е разбудено, но не може да се распушти државата кога се случуваат несреќи – рече премиерот.

Премиерот Заев повтори дека ќе ги чека наодите од вештачењето и форензичките извештаи што наскоро треба да бидат комплетирани, а потоа ќе ја донесе одлуката. Тој истакна дека е важно да се увиди дали системот е добро поставен за да не се случуваат други вакви трагедии и дека модуларните болници ќе останат додека трае пандемијата.

Премиерот додаде и дека не смее да разрешува и да именува функционери за време на избори.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски вчера рече дека оставките на министерот Филипче и неговиот заменик Хасани се доставени до премиерот и се архивирани и дека содржината на оставките не отстапува од она што двајцата јавно го споделија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот