Заев: Нека е вечно сеќавањето на нашиот претседател Борис Трајковски

Претседателот Борис Трајковски во пресудните моменти за државата во 2001 година имаше клучна улога, а неговата изјава по повод потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, дека станува договор и потпис на проектот Македонија во 21 век, денеска се памети како тестимонијална. Мојот сограѓанин,  Трајковски беше човек од народот. Секогаш наоѓаше време за проблемите на обичните луѓе. Доаѓаа тие кај него, но и тој не престана да ги посетува во нивните домови, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот Фесбук-профил, по повод 17 години од трагедијата во која загина Трајковски и уште осуммина негови најблиски соработници и членови на екипажот на авионот.
Заев посочи дека ненадејната смрт на претседателот Трајковски ни одзела голем државник, безмерно сакан сопруг, татко, брат и пријател. И денеска, како што наведе, е тешко е да се најдат зборови на утеха и за спокој во нивните срца за огромната загуба за семејството.
– Светот се соочи со фактот дека во тој тажен момент беше прекинат животот на државникот Трајковски додека беше во полн подем, со инспиративна политичка зрелост и политички континуитет што оставија длабока и неизбришлива трага во историјата на современата независна македонска држава.
 За претседателот Борис Трајковски, стратегискиот интерес на Република Северна Македонија – нејзината интеграција во Европската Унија и НАТО беше визија за реализација на која тој целосно се посвети. Целосно свесен за овој факт тој порача дека сите мораме да придонесеме за нашето членство во НАТО и во Европската Унија. Во име на неговиот спомен, и во име на неговите пораки од пред 17 години, ние денеска со право можеме да кажеме дека дел од тие пораки, дел од неговата визија – се исполнети. Нашата земја е полноправна членка на НАТО и ја очекува меѓувладината конференција со ЕУ за старт на преговорите, истакна премирот, и посака да е вечно сеќавањето на нашиот претседател Борис Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот