Заев не очекува аболиција од Иванов за „27 април”

Премиерот Зоран Заев не очекува аболиција од претседателот Ѓорге Иванов за осудените за 27 април.

Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека аболицијата од Иванов не ја очекува пред се, како што рече, бидејќи тоа не постои повеќе како законска можност.

– Со последното давање на аболицијата се потврди непостоењето на соодветните членови кои не постојат во законот за претседателот да го искористи тоа право – истакна Заев.

До кабинетот на претседателот Иванов во петокот попладнето пристигнало барање од дел од осудените во случајот „27 април” за нивно аболирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот